1. За лиснато тесто- во просеано брашно додајте сол, шекер, оцет и топла вода за да замесите тесто. Оставете го на 15 минути да одмори. Маргаринот поделете гона три дела. Расукајте тесто во пласт и премачкајте со еден дел од маргарин и здиплете го во квадрат. Ставете го во фрижидер на еден час. Така направете со тестото уште два пати.

2. За фил-  празот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи. Пилешкиот стек исецкајте го на коцки додајте го кај празот и пропржете. Посолете, додајте црн бибер и зачини.

3. Тестото расукајте го,и исечете го на квадратчиња. Во средина ставете фил и направете ланчиња.
Наредете ги на тава, премачкајте со јајце и наросете со сусам или со ленено семе по желба.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани