Оваа рецепт е од Куварот на Џ.Оливер (Весна- фала за куварот) која често ја спремам и е одлична, месото е меко и сочно и е одличен рецепт да го подготвите во некоја специјална прилика.

Печурките ги сецкате на ситни парчиња, лукчето го стегате со алатка и заедно ги запржувате на масло убаво да ја пуштат течноста и малку да заруменат, го додавате ситно исецканиот целер.
Земате едно парче бело месо го засекувате со нож да направите џеб, го посолувате и побиберувате (на ист начин ги спремате и другите парчиња. Секое од месото го полните во џебот со смесата од печурки.
Лиснатото тесто го поодмрзнувате и со оклагија го развлекувате во должина и го сечите на ленти. Масата побрачнете ја за да не ви се залепи тестото. Секое парче од месото обвиткајте го скалесто со лентата од лиснато тесто (види слика) и наредете ги во подмачкано тавче. Премачкајте ги со изматено јајце одозгора и печете 45 мин на 200С.
Во меѓувреме спремете го сосот. Во тенчерче ставете го виното да зоврие и додадете го сенфот, нека се вари на средна температура да излезе мирисот на алкохол (течноста ќе се редуцира) па на крај додадете ја павлаката и убаво измешајте да добиете бледо жолт прелив.

Послужете со салата и крцкави компирчиња.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови