1. Го раствараме квасецот со 100 мл.топло млеко и една лажица шеќер и оставаме квасецот да надојде.
2. Во длабок сад го ставаме брашното со 1 лажичка сол Во средината правиме дупка и ги додаваме јајцата преостанатото топло млеко,оцетот,зејтинот и стасаниот квасец,замесуваме се заедно и го префрламе тестото на набрашнета работна маса и месиме околу 10 мин.додека не добиеме еластично тесто.
3. Го ставаме тестото во подмачкан сад го покриваме со чиста крпа и го оставаме да стои на топло 1 час.
4. Стасанато тесто го ставаме на набрашнета работна маса и и го делиме на два дела и тие два дела на уште четири значи вкупно треба да добиеме 8 топчиња.
5. Секое топче се развлекува во кора со дебелина од 3-5 мм. и се мачка со растопен маргарин.Вака редиме четири кори намачкани со путер и ги свиткуваме во ролат.Треба да добиеме два ролата со четири кори.
6. Краевите од ролатот ги сечеме и нив ќе ги ставиме во средината на погачата,а другиот дел од ролатот го сечеме на тријаголници.
7. Ја премачкуваме тепсијата бр*28 и внатре ги редиме во средината краевите од исечените ролати а од околу ги ставаме тријаголниците.
8. Вака спремената погача ја покриваме со крпа и ја оставаме да стои уште 30-40 мин.
9. Погачата пред печење ја премачкуваме со разматена жолчка со млеко и ја посипуваме со сусам.
10. Погачата ја печеме во загреана рерна на 180 Ц. околу 20-30 мин,а потоа смалуваме на 160 Ц. и пецеме додека не добие убава боја.
11. Готовата погача ја вадиме од рерна и одма ја премачкуваме со зејтин и ја покриваме со крпа и ја оставаме да стои 10- 15 мин.

Многу вкусна погача....од путерот има многу убав мирис и мека останува подолго време...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови