Од состојките за тесто замесете средно меко не лепливо тесто.
Оставете го 1 час на топло да стаса.
Стасаното тесто поделете го на 3 дела-еден поголем дел и 2 помали дела.
Поголемиот дел од тестото размесете го, а потоа со раце притиснете го и ставете го во плех обложен со хартија(бр32).
Вториот дел од тестото поделете го на 3 дела кои со раце ќе ги издолжите, а потоа од истите ќе сплетете плетенка.

Нанесете ја плетенката околу рабовите на тестото што е во плехот.

Третиот дел од тестото расукајте го тенко и со округол калап извадете кругови од кои ќе формирате цветови.
Нанесете ги цветовите на двата краја од погачата.
Јас ставив 2 на едната и 1 на другата страна.
Секој цвет го направив од по 5 кругови тесто на тој начин што првиот круг се мота како ролат, во продолжеток се става другиот круг кој исто така се мота, во продолжение на него се мота третиот круг.
Се продолжува со другите кругови на ист начин.
Оставете ја погачата 20-тина минути да стаса.

Грозд
Од брашното и малку вода замесете тврдо тесто.
Расукајте го во тенка кора и со мал округол калап извадете кругови.
Сите кругови премачкајте ги со вода и нанесете ги на погачата пред самото печење.
Покријте го гроздот со алуминиумска фолија која ќе ја извадите 10-минути пред да се испече погачата.

Пред да ја ставите погачата да се пече премачкајте ја со растопен путер.
Печете на 180-190 степени, 30 минути.
Испечената погача премачкајте ја со растопен путер.

Оваа погача ја направив за празникот Св.Трифун, нека ни е за многу години!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани