22
дек
2015
Празнична декорација
Многу лесна декорација за претстојните празници која сигурно ќе ги израдува вашите најмили.
1. Варените јајца се сечат од едната страна за да се добие рамна површина и се спојуваат со стапче за ражнич.
2. Се сечат кругови од морковот и се прикачуваат на стапчето за ражнич, а остатокот се сече.
3. Очите и копчињата се прават од зрна бибер (а како замена може да се искористат и ситни парчиња од црни маслинки).
4. На крај се прикачуваат гранчињата магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани