Празнична веган торта
Денес мене ми е празник, го објавувам мојот 500-ти рецепт, па од таму и името на оваа прекрасна торта.
Оваа веган, сурова и посна торта решив да ја споделам како јубилејна, од причина што многу од веќе објавените рецепти, како готвач на оваа прекрасна страна ми се посни. Па еве нека еден јубилеен рецепт биде посен, како мој заштитен знак, а се надевам ќе се најде на трпезите на многу посетители на оваа наша страна кои се одлучиле за поздрав начин на исхрана. Тортата е без брашно и шеќер, не се пече, а за подготовка ќе ви треба само блендер.
Голема благодарност до сите готвачи, кои постојано инспирирате со вашите рецепти, до Мои Рецепти кои постојано мотивирате за да бидеме поуспешни и несекојдневни во рецептите кои ги поставуваме овде, на посетителите кои ја посетуваат оваа страна и ни помагаат да бидеме подобри готвачи со своето учество во испробувањето и сугестиите во врска со нашите поставени рецепти!
Најмногу од се ви благодарам за преубавата дружба и за прекрасните
пријателствата кои станаа секојдневен дел од нашиот живот!!!
Подготовка
1. За основата ставете ги сите состојки во сечко или блендер и соединете ја смесата. Расплескајте во соодветен калап и ставете ја да се лади и стегне во фрижидер.
2. За филот ги блендираме индиските ореви со сите останати состојки во блендер или Нутрибулет. Мазната смеса ја делиме на два дела и во едниот ги додаваме какаото, циметот и рогачот, односно состојките пишани за чоколаден фил. Овој чоколаден фил го распоредуваме на основата и сега за да ни се стегне побрзо ја ставаме во замрзнувач.
3. За тоа време го подготвуваме карамел кремот. Ги соединуваме таанот, засладувачот (мед или агаве), кокосовиот путер (растопен), ставаме ванила и малку сол за истакнување на вкусот. Овој дел може да измати со миксер или пак во блендер, ама доста е густа смесата.
4. Откако ќе се стегне убаво чоколадниот фил врз него го редиме белиот фил (половината што остана) и на крај украсуваме со карамел кремот.
5. Карамел кремот го ставаме во шприц и ја декорираме тортата со него, па украсуваме со гоџи бобинки, сечкани лешници, растопен кокосов путер измешан со какао и сл.
Забелешка
Чашата е 250 мл или 1 Cup. Топењето на путерите го правиме на многу ниска температура.
Тортава многу им се допадна на сите што ја пробаа, а домашните ја нарекоа слатко бајадерче. Имајте пријатно и корисно засладување!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Te pocituvam kako dobar kulinar i dobra prijatelka
tortata ubava,cestitki uste ednas
п.с. Имам уште многу да учам, а тоа заедно ќе го правиме, овде кај што се пронајдовме :)
Prekrasen jubilej!
Nikogas ne ostanuvam ramnodusna na tvoite recepti.
Plenat kako sodrzajno, taka i slikovito!
Bravos!!!
O:) :-)
Da si ni ziva i zdrava i samo ti pisuvaj... Cestitki!
п.с Ти благодарам и за довербата да секој пат на трпезата (а готвиш секој ден и знам колку гости ти поминаа во новата дома) се најде и некој рецепт од мојата кујна :):):):)Поздрав и се слушаме:)
За тортата немам зборови, особено затоа што и вкусот ми е горе-доле познат .. си имаме сличности ние со посниве веган рецепти.
Поздрав голем и продужи даље :)))
А првата реченица ме фрапира...хахахаха...пола илјадарка....некако вака прикажана многу ми се виде:):):)
кога замислувавме како сакаме да бидат презентирани рецептите на оваа страница, изгледаа токму како твоите: комплетна презентација на постапката, состојките, како и фотографија која ќе го заокружи и круниса рецептот!
Со задоволство ги чекавме сите твои нови рецепти, го следевме твојот напредок, како и менувањето на твоите навики во исхраната. Затоа, оваа твоја торта која ја одбра за 500. рецепт, ни претставува совршен избор да го означиш овој извонреден јубилеј!
Веројатно не постои граница за тоа како би го наградиле ова твое дело... Би сакале во иднина - ако се печатат и други книги со рецепти на членките - твоите секако да бидат следни...
А сега, после толку зготвени и презентирани рецепти за другите - одлучивме дека навистина ќе ти треба релаксација и малку одвоено време лично за себе :)
Затоа, ти подаруваме ваучер во вредност од 10.000 денари за користење на спа услуги во Спа центарот на Хотел Руссиа - Анне Семонин. Честитки!
Hotel Russia - Spa Center ANNE Semonin
Очекуваме нови рецепти, нови дружења виртуелно и во живо,
и се надеваме дека ќе уживаш во наградата.
тимот на МоиРецепти
Сето она што го напишавте во првиот пасус многу ми значи, ми значи од причина што би сакала сепак да се доусовршам, иако на вас ви се допаѓа и ми е многууу драго што е така, сметам дека секојпат може подобро. Јас многу малку време посветувам на фотографијата, односно не толку колку што сакам (можеби сакам премногу, како професионалците што прават), ама знам дека можам повеќе и ќе продолжам во усовршувањето кога ќе бидам малку послободна :)
Во однос на тортата...имам во архива вкусни и убави класични и несекојдневни торти, ама јас сепак се одлучив за оваа торта за што напишав и во уводниот дел од рецептот, ама посебно ме радува што ви се допадна и на вас.
Е сега за подарокот....во мој стил реакцијата е....„ значи неее стеее нормални, не стеее, комплет цел тим“, ама бидејќи ова оди во јавност ќе бидам културна и фина и мноооогу ви се заблагодарувам за овој прекрасен подарок...значи од срце, ама навистина ми треба нешто ваквоооо:):):)
И после толку многу објавени рецепти ( што никогаш и не сум помислила дека ќе биде вака) јас сеуште сакам да ве дружам, навистина сакам да го продолжам моето патешествие во откривање , испробување и презентација на нови рецепти, заедно со сите вас!
Поздрав до целиот тим, најдобри сте!!!!
п.с. За почестување од тортава или нешто друго од мојата кујна дополнително ќе се договориме:)
Cestitki Vale za nagradata i uzivajjjjjjjjjjjjj
Tie znaat kako!
A, Vale ti, zatvori oci i uzivaj!!! :-)
За тој ден ќе се бира уште еден Рецепт на денот од останатите рецепти. Се надеваме се согласувате со оваа наша одлука.
Znaci sto ostana da kazam osven deka se preraduvav na ovoj tvoj jubilej isto kako da e moj , so netrpenie gi ocekuvav i pratev site tvoi recepti i taka i ke ostane normalno...Pred se NAJISKRENI I NAJGOLEMI CESTITIKI OD SE SRCE kako za jubilejot taka i za nagradata ti zasluzuvas se najubavo zatoa sto si EDNA I EDINSTVENA -ORIGINALNA I NEZAMENLIVA , iako da bidam iskrena jas ke cekam da izlezi i tvoja kniga koja sto taka ubavo ke se vklopi vo mojata kolekcija i ke bidi edna od poskapocenite- bare za mene :)
Jas mozebi vaka zvucam epten pristrasna i nakloneta,no neka mi prostat i ostanatite clenki za koi isto imam visoko mislenje i site ve sakam i pocituvam ,sepak site nie si imame nasi milenici i idoli na ovaa stranica...
Uste ednas najgolem pozdrav i iskreni cestitki kako za jubilejot taka i za zasluzenata nagradi,silno te baknuvame i guskame
Ти благодарам за прекрасните коментари и навистина се радувам што рецептите што јас сум ги споделила овде се применуваат и во твојата кујна. Те чекаме и тебе со твоите прекрасни рецепти да не дружиш и кај тебе да славиме јубилејка:)
Е за овие моменти што ни ги овозможи МР сум преблагодарна, за оваа виртуелна дружба која е незаменлива, искрена, несекојдневна!
А Валенце после ваков одмор, очекуваме и 1000-ка во најбрзо време :)
Уживај максимално :)
п.с. Како членки овде, впрочем сите готвиме за своите домашни, со љубов, а со добра презентација на рецептите навлегуваме во кујните и на сите посетители на оваа страна:) Сакам да кажам дека не правам нешто посебно, ама го правам со голема љубов:)
Им посакувам на сите членки, мои пријателки кои не спои МР, сите да го доживеете ова прекрасно чувство на взаемна љубов дадена и примена од сите вас, а спојот е едноставен - Љубов кон готвењето - . Дружбата продолжува!
Preubav izbor na posna torta, kako sto velis tvojot zastiten znak ama jas tebe te gledam vo bilo koj recept i mrsen, i mesenje tegnenje testa, i smuti i salati i dekoracii itn :))))
Ti posakuvam samo zdravje i da si slavis uste mnogu jubileji...Cestitki i za nagradata, pouzivaj si malku:)))
Pozzz i backi :**
еве сум!!
не дојдов предоцна ;)
браво за јубилејот. заслужено ти е секое делче, пофалба, награда. почнувајки од фотографиите, па до здравата кујна :)
чекам слики од СПА ;)