Се одвојуваат жолчките од белките.
Се матат жолчките со врелата водата, ванилиниот шеќер и шеќерот додека убаво не се изматат. Пенесто се матат белките и тие се додаваат во изматените жолчки. Потоа во нив се додаваат претходно измешани брашното, циметот, прашокот за пециво и кафето. Се додаваат и средно мелените бадеми.
Добиената смеса се става во округла тава бр. 26, доколку е Делимано нема потреба од ставање на масло и брашно, но доколку е друга тава за печење се става малку масло и брашно за да не се залепи тортата.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 мин.
Потоа може да се декорира по своја желба.
Јас својата празнична торта ја прелив со стопена чоколада и употребив околу 150 гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови