Правоаголни кекси
Маргаринот пенасто изматете го со шеќерот,јајцата,ванилата и кората од лимон.Матете додека шеќерот се стопи.Додавајте брашно измешано со пециво,месете додека добиете средно тесто погодно за развлекување.Оставете го 5-10 мин. да одмори.
Загрејте ја рерната на 250 степени,на два плеха од рерна ставете хартија за печење.
Тестото поделете го на два дела, развлечете кора (дебелина-колку еден прст) во поправилна форма на коцка или правоаголник, со нож со ребрасти назапци сечете ленти, а потоа правоаголници, редете ги во плехчињата, ако сакате може со чепкалка да направите дупчиња.
Печете ги на 200 степени (намалете ја температурата). Печете додека поруменат, потрудете се да не ги изгорите.
Уште топли извалкајте ги во прав шеќер.
Додека едните се печат подгответе ги другите. Може да ставите какао,ореви,кокос или др.арома по ваша желба.
Чувајте ги во затворена кутија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови