Поховани варени јајца
Рецептов одамна се токмам да го подготвам, а идејава ми ја даде колегата Боби. Тој пак јадел слично вака подготвено јајце, на свадба во Србија, подготвено во порцијата како предјадење. Искрено многу ми се допадна вкусот на вака спременото јајце.
1. Најпрво подгответе ги зачините во лебните трошки по вкус. Изматете го јајцето и ставете масло да се загрева на оган.
2. Излупете ги јајцата и секое јајце прво го валкаме во брашно, па во разматено јајце, па во зачинетите лебни трошки. Сите состојки најдобро е да се стават во шољи затоа што се мали количините и поубаво и побрзо ќе се извалкаат јајцата.
3. Ги пржиме на висока температура, додека да поруменат, а тоа се неколку десетици секунди.
Во врска со зачините кои ги ставив во лебните трошки сакам да кажам дека се по желба и вкус. Јас ставив лук во прав, оригано, куркума и сушен магдонос. Важно е да ставите мешан сув зачин за да биде солено јајцето, а останатото ви го препуштам на вашето непце и желбата за експериментирање.
Лиценца: Сите права се задржани