Варени јајца во сос под капак
1. Исчистен и ситно насецкан кромидот ставете го да се пржи, кога е на половина испржен додајте го излупениот исто така ситно исецкан патлиџан. Се пржи додека не се згусти сосот. Зачинете.
2. Сварете ги јајцата, излупете и исечете на четири дела по должина.
3. Направете го бешамел сосот така што на загреаниот путер или маргарин запечете го брашното внимавајки притоа да не ви потемне - да остане светло брашното, додадете го млекото, оставете кратко да проврие. Тргнете настрана.
ПОСТАПКА
- Со зејтин премачкајте го садот или гувечињата доколку ги имате, па прво ставете го сосот од патлиџанот, врз него наредете ги јајцата па залејте ги со бешамел сосот. Одозгора посипете со рендан кашкавал или пушено сирење, ставете во предходно загреана рерна на кратко да се само продинста... а за тоа време и кашкавалот ке се стопи.
Забелешка:
Од оваа количина јас спремив две порции од гувечињата. Во сосот од патлиџан си додадов и малку лук во прав, бел и црн бибер. Кој сака можете во бешамел сосот да ставите и морско оревче. Пазете да не го пресолите јадењето доколку кашкавалот или сирењето се солени, па да не ви се пресоли јадењето. На очиглед можеби ова ви стои некако баш она ... во стилот - па какво ли е ова јадење... ама верувајте - предобро е. Тоа не е нов рецепт и бабите со варени јајца ни правеле вакво нешто, само што ние си приизимислеме и го модернизираме додавајки му бешамел сос и посолување со кашкавал. Порано беше кашичка со јајца - нели знаете.. се направи сос (кашичка) кога проврие се скрши јајце живо, па додека се забуле...се трга.... а правам јас и такво, мене ми се вкусни овие бабините рецепти.
Лиценца: Сите права се задржани
Ке ме направиш ти Лиле да почнам да ги користам земјените садови почесто со овие твои вкусни бабини рецепти ;)
http://i.minus.com/ilIpqTEHBf6uz.JPG
Твојата идеја со мој експериментизам :) Не сакам пржен кромид, па и заради јајцата почнав со кругови кромид, над него кругови домат, над нив изрендав сирење, па јајцата живи ги скршив... и после се занесов и нарендав и тиквичка одозгора. И во право си... не ми фаќаше окото на вакви јајца бешамел, па растворив 1 лажичка гриз со 1 филџан јогурт, зацинето со копар, црн бибер и сол, го ставив да се печи и пред крај веќе ме смрзи да рендам и ставив тенки парчиња кашкавал... Супер испадна, а следниот пат ќе се исроба и оригиналот ;)
љиљо, закон рецепт! ;)