26
мај
2013
Похуван цвет од бозел
1. Цветовите се мијат и сушат.
2. Сувите цветови се натопуваат во смесата за похување и се пржат на загреано масло од двете страни.
3. Се оставаат на хартиен бришач да се отцедат од маслото.
4. Оладените цветови од бозел се посипуваат со прав шеќер и ги послужуваме како десерт.
5. Истите цветови можат да се приготват и во солена верзија, со тоа што во смесата се додава една лажица сол на место од шеќерот.
6. Солените цветови од бозел се послужуваат како предјадење со разни сосови (по сопствен избор) или пак како прилог кон главното јадење (компир- печен, пржен, рестован, месо-печено, пржено, динстано-риба и друго).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Nikogas ne sum napravila, i kazi, kakov vkus ima ? Vo marmalad od jagodi sum stavala cvet od bozel, ama moram da priznam deka promena vo vkusot ne osetiv... A vaka spremeno kako e ?