Целерот исчистете го и исечете го на подебели кругови. Одма премачкајте го со сокот од исцедениот лимон. Морковот исчистете го и исечете го во форми во кои сакате. Потоа додајте ги и другите состојки од маринадата и ставете ги да се варат додека малку не омекнат. Исцедете ги.
Смесата за похување направете ја пред време и ставете ја малку во фрижидер, половина час...
Секое парче целер најпрво ставете го во смесата па потоа пржете го на малку масло, на слаба температура, (јас-од 12, на 5) по две минути, да зацрвенат.
Одлично предјадење или салата, а вклучително и здрава храна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови