Според мене, ова е еден одличен пример за убава презентација на едноставно јадење, кое речиси сите го подготвуваме за ручек. Мојот похуван пилешки стек се разликува од останатите што во лебните трошки има пармезан - главна пичина за убавата златна боја која ја добива стекот при похување.

Прво, направете пире од компирите, а грашокот сварете го и додека е топол зачинете со со сол, бибер, маслиново масло и балсамико.

Стекот исчукајте го да биде тенок и извалкајте го прво во брашно, па во јајце и на крај во презла.

Пржете во тенџере со поголема количина масло додека да порумени и биде испржен од внатре.

Сервирајте на чинија, прво ставете го пирето на средина, па похуваниот стек врз пирето, од страна грашокот, а врз стекот ставете малку таратур или павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани