Испечати

Похуван цвет од бозел

Похуван цвет од бозел

Состојки

  • 12 цветови од бозел
  • 2 јајца
  • 200мл минерална газирана вода
  • 200мл слатко млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка прашак за пециво
  • брашно по потреба за густа смеса (погуста од таа за палачинки)

Подготовка

1. Цветовите се мијат и сушат.
2. Сувите цветови се натопуваат во смесата за похување и се пржат на загреано масло од двете страни.
3. Се оставаат на хартиен бришач да се отцедат од маслото.
4. Оладените цветови од бозел се посипуваат со прав шеќер и ги послужуваме како десерт.
5. Истите цветови можат да се приготват и во солена верзија, со тоа што во смесата се додава една лажица сол на место од шеќерот.
6. Солените цветови од бозел се послужуваат како предјадење со разни сосови (по сопствен избор) или пак како прилог кон главното јадење (компир- печен, пржен, рестован, месо-печено, пржено, динстано-риба и друго).