Еве едно лепче кое првпат го видов во Литванија, си го дополнив со лук (обично се користи млад кромид) и зачини. Двете верзии се превкусни, а слободно може да се додадат и маслинки, печурки и сл.

1. Лепчето се сече на коцкички пришто не се сече долната кора.
2. Во процепите се става кашкавал. Рерната се загрева на 180 степени.
3. Лукчињата се толчат, се додава путерот и со тоа се премачкува лепчето. (Може и маслиново масло да се искористи, едно лажиче би било доволно)
4. Ставаме зачини и печеме додека кашквалот не се растопи. (отприлика 10 минути)

Мој совет е да се користи чедар, најубаво ќе се растопи, но, успева и со други видови кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови