Фичо ќе подготви вкусен ручек - потпечено декоративно пире, во комбинација со пилешки џигерчиња!

Подготовка

Чекор 1: Земате свеж пилешки џигер, добро ќе го измиете и ќе го исчистите од жилички.

Во меѓувреме во големо тенџере ставате да се вари компирот заедно со 4 чешниња лук.

Чекор 2: Ситно сечкате една голема глава кромид и две чешниња лук. Ги додавате во тавата на рингла, додавате малку путер и ги пропржувате додека не добијат златна боја.

Потоа го додавате џигерот, го појачувате огнот и пропржувате. По 3 минути додавате бело вино и динстате додека не испари алкохолот. Откако ќе испари и виното додавате кечап, малку лут буковец, сол, бибер и сето тоа го залевате со 200 милилитри вода, го динстате поклопено додека не испари водата и не се згусне јадењето. Кога џигерот е готов го тргате на страна малку да се подолади.

Чекор 3: Откако ќе се сварат компирите, ги гмечите со алатка за пире и додавате млеко од око, како би добиле по тврда пире смеса.

Потоа со шприцот за декорации од Делимано го нанесувате пирето врз џигерот (бидете креативни) и го ставате Трилогија тавчето без рачката во рерна на 200 степени, околу 20 минути – доволно за да се запече пирето.

Чекор 4: Сервирајте по желба, со салата.

СОВЕТ: За да ги препознаете џигерите дали се свежи, треба да имаат сјај како глазура и да се цврсти на форма, а не млитави!