8
ное
2014
Потпечени јувки со суџук
Јувките се варат во солена вода, да омекнат. Ги цедиме и половината од нив ги ставаме во намрсена тава. Урдата ја мешаме со две јајца. Суџукот го пржиме сечкан на кругови или како сакате, па го сечкаме на коцки. Го ставаме во урдата и смесава ја истураме врз варените јувки. Потоа ја ставаме втората половина од јувките. Најпосле залеваме со две јајца со кои сме соединиле една павлака. Печеме во загреана рерна на 200 степени, да се запечат и малку поцрвенат.
Лиценца: Сите права се задржани
merak ,merak dietalno abe mozam i 2 porcii od ova da kasnam