2
апр
2013
Потпечени макарони со праз и сирење
Празот исецкајте го и ставете го да се пржи неколку минути колку да омекне. Оставете го да олади.
Во зовриена посолена вода ставете ги макароните да се варат околу 10 минути, потоа исцедете ги.
Во празот додајте го сирењето, макароните, посолете по вкус и измешајте ги. Ставете ги во плехче намачкано со масло и прелијте ги со преливот од јајца и млеко изматени со вилушка.
Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени 15-20 минути.
Послужете ги топли со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани