Просејте го брашното и измешајте го со ситно мелените лешници, шеќерот, ванилиниот шеќер и солта. Во средината скршете го јајцето, а малку подомекнатиот маргарин распоредете го околу јајцето над мешавината со брашно сечејќи го на парчиња.
Замесете глатко тесто, завиткајте го во фолија и оставете го 1 час во фрижидер.
Од изладеното тесто кинете парчиња од околу 15на грама. Секое парче исукајте го со раце на работната маса во вид на црево дебелo колку еден прст, па и малку потенко ако сакате, свиткајте го ви вид на потковица и ставете го во тава обложена со пек хартија.
 Друг начин на виткање на потковиците е да земите поголемо парче тесто и целото да го исукате како црево, па потоа да го исечите на парчиња кои ќе ги виткате како потковици. Мене првиот начин ми беше позгоден, иако одзема малку повеќе време.
Печете ги во загреана рерна од 180Ц 12 мин, односно 10-15 во зависност од рерната, при што ќе внимавате да ви останат светли.

Печените потковици можи да ги извалкате во шеќер во прав, да ги потопите краевите во стопено чоколадо или како во дополнителната слика цели одозгора да ги глазирате, како ви е по желба.

Секако, овде вкусот го одредуваат лешниците, но ако немате или не сакате со лешници, вкусот можи да го замените и со други оревасти плодови (орев, бадем и сл.)

Од оваа доза не излегуваат многу колачи, па правете ја како за прв пат или веднаш дуплирајте ја. Иако колачињава се вбројуваат во суви колачи и како такви познато е дека можат подолго време да одстојат во добро затворена кутија, сепак не верувам дека некому ќе останат подолго од ден до два ; )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани