Потица со фил од урми
Потица е традиционален словенечки рецепт кој вообичаено се подготвува за Божиќните празници. Во Словенија рецептот најчесто е подготвен со фил од ореви, понекогаш лешници или бадеми.
Како дополнување нека биде и мојата варијанта, ако сте љубители на урми не може да не ви се допадне =)
1. Во подлабок сад просејте го брашното, ставете ги шеќерот, солта и кората од лимонот. Во млако млеко растопете го квасецот и потоа додадете ги сите влажни состојки кон брашното. Замесете меко нелепливо тесто и месете околу 10тина минути. Ставете го во набрашнет сад и оставете го да стасува. Во зависност на времето и затопленоста на просторијата времето на стасување варира, од минимум 1 час па нагоре (треба да се дуплира). Потоа премесете го на кратко и оставете повторно да стаса, додека се дуплира.
2. За тоа време подгответе го филот. Урмите измелете ги на машина за мелење и ставете ги во сад на оган. Постепено додавајте од млекото додека урмите не се опуштат и да добиете убава смеса. Тргнете од оган, па ставете ги ванилата, оревите и кората од лимон, промешајте и оставете целосно да се излади.
Во сад на страна изматете ги белките со 1 лажица шеќер во цврст снег. Потоа во садот постепено додавајте од изладениот фил додека двете смеси не се соединат.
3. Извадете го стасаното тесто, премесете го и поделете го на онолку делови колку што сакате да направите ролати.
Секој дел со сукало развлечето го во тенка кора (3-4мм), убаво премачкајте со филот и свиткајте во ролат. Ставете ги во подмачкано плехче и оставете да стасуваат додека се загрее рерната (околу 30 мин.)
Јас го поделив на 3 дела, од двата направив плетенка и посебно уште еден ролат.
Пред да ставите да се печат премачкајте ги со изматена жолчка па ставете во загреана рерна. Се печат 45-55мин. на 180С (чепкалката да излезе сува). Нека се излади малку па послужете.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Кларич потица би му дошло нешто како ролничка или ролат по словенечки, кај нив така и се подготвува, нема плетенки нема ништо :)))
Лили се согласувам и јас со другите, сликата си е одлична .. верувам и твојата верзија е исто толку вкусна :)