Оваа Потица одговара најчесто за празници,( кај мене за Божик спремано) но - ако одлучам да ја правам, не морам да чекам празник. Јас повеке ја сакам со ореви, ама морам да направам и одстапка, да исполнам и желба - со афион.
Припрема
1.Тесто
- Во сад растворете го квасецот во млако млеко кое ке го одземете од вкупната колилчина, додадете малку брашно и шеќер, оставете да се направи подквасот - да се запени. Остатокот од млекото загрејте го до температурка која ќе постигне топење на маргаринот, тргнете настрана и додадете го маргаринот. Ако е многу топло оставете малку да олади. Со вилушка изматете ги јајцето и едната жолчка, додадете во млекото и маргаринот, измешајте во оваа смеса додадете го стасаниот квасец и замесете тесто со брашното во кое сте додале и измешале солта, остатокот од шеќерот, рендана кора од лимон, румот.
2. Фил
Додека стасува тестото вие направете го филот.
- Во сад ставете го млекото додадете толчениот или убаво сомелен афион. Доведете го до вриење и варете околу 15 мин. на умерен оган. Кога афионот добро ќе омекне и згусти, тргнете настрана и во топло додадете го маргаринот или путерот, шекерот, лебните трошки и кората од ренданиот лимон. Тргнете настрана да олади.
- Одделете ги жолчките од белките. Жолчките додадете ги во подготвениот афион и со жица брзо добро измешајте ги. Белките изработете ги со миксер во цврст снег, диодадете ги во афионовата смеса и лесно но добро измешајте да се добие хомогена смеса.
3. Тестото веќе е стасано.
Размесете го и расукајте тенка правоаголна кора. Намачкајте од филот по површината на кората оставајки при крајот не намачкана површина од околу 10 см. Внимателно замотајте во ролат префрлете во модлата во која ќе печете предходно подмачкана со маргарин и посипана со лебни трошки. Спојот на тестото треба да биде одоздола. Со чачкалица или игла за плетење на неколку места набоцкајте го тестото и оставете околу половина час да стаса. Премачкајте со сматено јајце и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 50-60 мин. Кога ќе проверите со чачкалица - ако е сува - тестото е печено.
Печена потицата оставете ја кратко во модлата, потоа извадете ја на решетка - нека олади, сечете и уживајте.
Совет
- Сите потребни состојки за да ја спремите успешно потицата треба да бидат предходно извадени да се воедначат со собната температура. Се меси на топло.
- Од оваа количина на тесто јас спремам две Потици и ги печам во тесните правоаголни форми и притоа пократката страна од тестото секогаш мерам да е колку што е должината на модлата. Доколку сакате - можете да направите една поголема ваква пита и да ја ставите во округла форма или куглов мотајки го ролатот во круг.
- Велам лесно и не толку стегнато да се мота ролатот за да спречи пукањето на површината на самото тесто.
- Тестото не смее да биде тврдо, а ниту пак толку меко. Мора да добиете тесто кое не се лепи на раката, податливо за работа.
- Во самиот фил доколку сакате можете да додадете и суво грозје предходно потопено во топла вода и добро оцедено, но верувајте дека нема потреба за тоа.
- Јас најчесто ја премачкувам со белката која ми останува од тестото, ја бива и така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани