Во обид да се потроши смрзнатото овошје еве уште еден освежувачки рецепт, а сепак без јајца да одмориме после празничното прејадување.
Сите состојки за пандишпанот убаво се соединуваат со маталка или лажица и смесата се дели на половина.
Овошјето се става со шеќерот и водата да зоврие. Во зовриената вода се додаваат разматените пудинзи и се остава на страна да се подолади.
Едниот дел од смесата се истура во тепсија или плех и се става да се подпече 10 минути на 180 степени.
Од како првиот дел ќе се испече се ваѓа плехот и на него се истура млакиот сварен пудинг, а над пудингот се дотура втората половина од тестото и се враќа во рерна да се пече.
Се пече околу 20 минути и 5-10 минути се остава во исклучена рерна. По потреба во зависност од рерната тестото може да се покрие со хартија.
Одкако ќе се испече се остава да се олади,  а потоа се превртува на чинија за торта и се прелива со чоколада, се разбира може и со шлаг или по своја волја и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови