Посно освежување
Во обид да се потроши смрзнатото овошје еве уште еден освежувачки рецепт, а сепак без јајца да одмориме после празничното прејадување.
Сите состојки за пандишпанот убаво се соединуваат со маталка или лажица и смесата се дели на половина.
Овошјето се става со шеќерот и водата да зоврие. Во зовриената вода се додаваат разматените пудинзи и се остава на страна да се подолади.
Едниот дел од смесата се истура во тепсија или плех и се става да се подпече 10 минути на 180 степени.
Од како првиот дел ќе се испече се ваѓа плехот и на него се истура млакиот сварен пудинг, а над пудингот се дотура втората половина од тестото и се враќа во рерна да се пече.
Се пече околу 20 минути и 5-10 минути се остава во исклучена рерна. По потреба во зависност од рерната тестото може да се покрие со хартија.
Одкако ќе се испече се остава да се олади, а потоа се превртува на чинија за торта и се прелива со чоколада, се разбира може и со шлаг или по своја волја и вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Интересно тоа кога напола печено ,па се става филот па другиот дел.Јас така имам правено ама наместо со таков фил јас со мармалад.Нема потреба да се сечи на половина пандишпанот,таман,/.