Посни полнети крофни
Подготовка
Во посебен сад го сипуваме брашното на средина го додаваме квасецот кој го активираме со додавање на ванилиниот шеќер и млаката вода. Одкако квасецот ќе почне да се активира го сипуваме зејтинот, остатокот од топлата вода, ренданиот лимон и неговиот сок, малку сол замесуваме убаво мазно тесто.
Одкако тестото ќе стаса го делиме на два дела и со оклагија расукуваме потенка кора.
Со соодветна чаша обележуваме кругови и во нив ставаме по една лажичка мармалад.
Втората кора ја сукаме и префрламе врз првата и повторно со чаша, но сега стискаме до крај формираме крофни.
Вака формираните крофни ги оставаме на побрашнето чаршавче да стасаат уште 15 минути.
Во загреаниот зејтин ги пржиме крофните ги вадиме на хартиена салфета.
Крофни ги посипуваме со шеќер во прав и топена чоколада. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани