Колачиве се топат во уста превкусни се.

Прво квасецот се раствора во малку топла вода. Сите останати состојки заедно со квасецот се замесуваат со топла вода во тесто.
Се прават мали топчиња со големина на орев и од секое топче се развлекува мала кора со дијаметар од околу 10 см.
Врз секоја кора се става половина лажичка мармалд по избор(кај мене од праски)и една јатка орев. Полнетите кори се затвораат со прсти и убаво се залепуваат.
Се редат во плех и се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Додека се топли колачите се валкаат во шеќер во прав.
Колачиве се превкусни и колку повеќе стојат толку се повкусни!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови