Испечати

Мармалатки (посно)

Мармалатки (посно)

Состојки

  • 4 филџани масло за јадење(обични филџани за кафе)
  • 2 филџани топла вода
  • 1 коцка квасец
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 4 лажици шеќер
  • 900 гр до 1 кг брашно
  • За полнење
  • мармалд по избор
  • јатки ореви

Подготовка

Колачиве се топат во уста превкусни се.

Прво квасецот се раствора во малку топла вода. Сите останати состојки заедно со квасецот се замесуваат со топла вода во тесто.
Се прават мали топчиња со големина на орев и од секое топче се развлекува мала кора со дијаметар од околу 10 см.
Врз секоја кора се става половина лажичка мармалд по избор(кај мене од праски)и една јатка орев. Полнетите кори се затвораат со прсти и убаво се залепуваат.
Се редат во плех и се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Додека се топли колачите се валкаат во шеќер во прав.
Колачиве се превкусни и колку повеќе стојат толку се повкусни!