Брзи и лесни за правење, а особено вкусни.

1. Млекото, маргаринот и шеќерот ги ставаме да зовријат, па ги додаваме мелените бисквити, мелените кикирики и 3 лажици какао.
2. Мешаме додека да стане хомогена смесата, чекаме малку да се подизлади и си ги правиме бомбиците.
Кикириките ги купувам сирови, лупени, па сама си ги печам. Ги мелам на
кујнски сецко.
За тие што не постат препорачувам да ги направат со путер и млеко. Шољата е од 150 мл. Ако не ви се прават бомбици може да си направите ролатче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани