Вака ги крстив за тоа што состојките, од кои се направени, не се термички обработени, особено се вкусни, здрави и се вистинска енергетска бомба.

1. Сувото овошје го сечкаме на ситни парчиња.
2. Јаткастото овошје го мелеме на ситно, во сецко.
3. Јаболкото го цедиме во соковник.
4. Овесните снегулки ги мелам во машинка за мелење кафе.
5. Сите состојки ги замесуваме и правиме топчиња кои ги валкаме во мелени ореви.
Густината на бомбиците корегирајте ја со овесното брашно или со сок, ама имајте во предвид дека тоа доста ја упива влажноста, па може да ви се случи и да ви бидат посуви, така да не ставајте премногу.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани