Домашно здраво чоколадо
Какао зрната изблендирајте ги на крупно измешајте ги со мелениот рогач. Додадете го кокосовото масло кое треба да е на собна температура. Урмите исчистете ги од семките и ставете ги во блендер заедно со гоџи бобинките. Изблендирајте ги и измешајте ги со останатите состојки. Оревите и лешниците изблендирајте ги поединечно исто на покрупни парчиња. Измешајте ги и нив со останатите состојки. Формирајте плочка од самата мешавина и ставете ја во фрижидер да се стегне околу 1 час. Исечете го суровото чоколадо на помали парчиња и послужете го ладно.
Еве ви една добра идеја за здраво чоколадо, со хранливи состојки, без шеќери, конзерванси, ароми, вкусови....
Сите состојки можете да ги најдете во поголемите маркети и продавниците за здрава храна.
Пробајте ќе се изненадите од вкусот...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Nasata uzinka za vo skolo utre e spremna :)
Dodadov 2 lazici taan, za poblag vkus...go bendisa epten ucenikot :)