Чоколадо - портокал торта (посно)(Јубилеен 500-ти рецепт)
Лека полека стигнав до јубилејот мој петстотен.
Одбрав едноставна торта, впрочем ја преферирам секоја едноставност и разбирливост.
Исто така се одлучив за посна торта која би била добредојдена за претстојните посни слави и празници (мали, интимни), и знам дека посебно ќе им се допадне на љубителите на вкусот на чоколадо и портокал, комбинацијава е неверојатна.
Кога првпат ја пробав тортава на една мала прослава, не препознав веднаш дека е посна, има таков егзотичен и богат вкус, а толку едноставни состојки.
Ги поздравувам сите членки на страницава и секако тимот на Мои Рецепти, посакувам да траеме сите уште долго без проблеми, па кој како може, некој со побрзо темпо, некој со побавно како мене ха ха ха ...
~ Тесто ~
1. Со миксер во сад се мешаат сокот, шеќерот, маслото и мармаладот, на крај се става брашното просеано заедно со содата бикарбона, па ренданото чоколадо.
2. Смесата се тура во тркалезен калап бр. 24 на кој му се вади страницата, претходно обложен со хартија за печење, а страницата се премачкува со маргарин.
3. Се пече 20 минути на 200 степени и уште 20 минути на 180 степени, сепак се проверува со чечкалица. Изладено, тестото се сече попречно на 2 дела.
~ Фил ~
1. Дел од сокот од портокал и пудинзите ги раствораме, остатокот од сокот, ванилиниот и кристал шеќерот ги зовриваме и вариме пудинг со постојано мешање. Самиот пудинг е превкусен иако е без млеко. Го ладиме сосема.
2. Маргаринот во случајов го користиме бидејќи тортата ни е посна, стоен на собна температура го матиме со миксер, го додаваме изладениот пудинг, соединуваме да нема грутчиња.
Од овој жолт дел оставаме 3-4 лажици за декорација.
3. На остатокот од филот ја додаваме кората од портокал, мелените ореви и ренданото чоколадо, соединуваме убаво.
~ Во чинија за торта го ставаме првото тесто, ја ставаме страницата од калапот во кој го печевме тестото, филуваме со 1/2 од филот.
~ Го ставаме второто тесто, филуваме со втората половина од филот.
~ Тортата ја ставаме во ладилник некое време да се здрви филот, а потоа ја вадиме страницата.
~ Декорираме со жолтиот фил со готварски шприц.
На сите ви посакувам пред се`многу здравје, а за се`друго ќе најдеме начин да средиме.
Лиценца: Сите права се задржани
Od srce ti go cestitam ovoj, ne taka mal jubilej
Koga bese vo red stranava, odnapred znaevme koj den ke se raduvame,ke odbelezuvame jubilei...
No sto e tuka e
Da sme zdravi i zivi site tuka, da se raduvame zaedno na se
Tortata e odlicna
Pozz od vrnezlivo Negotino
Јас некако сум бавна со рецептиве (инаку сум брз тип хаха), ама тоа е, не ми стига време. Нејсе, броев, пребројував, среќа што првите 300 рецепти ги имам испечатено, среќа што рецептите си ги објавувам на fb, и така се снајдов до каде сум.
Ти посакувам се најубаво, поздрав од Прилеп :)
Се најубаво ти посакувам, едноставноста е мое мото, зашто се што е дури и најкомплицирано, треба да се сведе на едноставност.
Голем поздрав :)
И овој убав како сите останати. Остануваме да се дружиме и понатаму.
Поздрав и секое добро :)
Возбудата и мене се уште ме држи, битно е да не се изгуби, ама верувај ми пред 2 години имав еден период кој ако не беше странава, ќе заборавев на се што ме радуваше, иако сум оптимист по природа. Страницава беше една од нештата што ме одржа. Инаку, ми се допаѓаат твоите рецепти, и мислам дека си ги имаш од некои испробани тефтери.
Поздрав и се најубаво :)
Тортата прекрасна, впрочем како и сите твои рецепти!
Да ти се множат убавите рецепти, секое добро ти посакувам ❤
И ти си ми репер за убави домаќински рецепти, дури си и доста неуморна во творење. Убаво искалкулирај си, направи си архива и изненадувај не и понатака.
Голем поздрав :)
Ова е твојот ден, одличен ден за јубилеен рецепт! Радувај се и слави, како и ние што се радуваме за секоја стотка на нашите друшки овде на МР!
Си одбрала одличен рецепт за овој повод:) И мојата петстотка беше веган и посен рецепт, и баш особено ме израдува дека баш на овој Божиќен пост имаме ваков рецепт и јубилеј!
Поздрав и секое добро!
Се читаме, се следиме, да сме сите здрави и живи, па се ќе биде :)
П.С. си велам некогаш ќе те стигнам со рецептиве, може до пензија да, хахаха поздрав :)
Иренче ти честитам за подарокот од МР, кој веќе се одомаќини во нашата кујна, одамна го користам и со задоволство мислам дека и ти ќе го користиш!
Ти посакувам и тебе многу јубилеи, поздрав :)
Se raduvam na sekoj jubilej, na sekoja clenka. Vlozuvame golem trud za da prikazeme najgolem del od toa sto spremame vo nasite kujni.
Licno tvoite recepti mnogu mi se dopagjaat.
Bidi uste dolgo tuka so tvoite vkusotii.
Tortava me voodusevi. Preubava.
Ти благодарам што ти се допаѓаат моите рецепти, и што секогаш си тука за поддршка. Ти си многу пред мене на странава, со поголемо искуство, со прекрасни рецепти.
Се трудам ете да сум тука, Ciao cara и се најубаво ти посакувам :)
Поздрав и се најубаво, се следиме и понатака :)
500-тиот рецепт го доживуваме како прв многу значаен јубилеј, кој покажува дека некој готвач веќе максимално го усовршил својот стил на готвење и презентирање на рецептите. А, тоа, секако се гледа и по овој твој јубилеен рецепт, кој со еден збор речено е - совршен!
Ти благодариме за твоите 500 рецепти и ти подаруваме Делимано Апарат за готвење со топол воздух со бела боја. Честитки!
И ние се приклучуваме кон твоите желби, пред се` за здравје и среќа,
тимот на МоиРецепти
Епитетиве што ми ги дадовте навистина ме израдуваа и усреќија.
Можби ќе звучам шаблонски за преубавиот подарок кој ми го доделувате, ама го меркав цело време гледајќи ги рекламите на ТВ за Air Fryer - от и им велев на дечкиве дека тој е на ред да го имам, а посебно колку е погоден за студенти, и стварно ептен ме погодивте. Ви благодарам од срце за подарокот и сите ве поздравувам во тимот. Толку многу посакувам да сум поактивна како порано, но едноставно моите работни отсуства од дома ми го смалуваат тајмингот во домот каде можам најмногу да подготвувам рецепти. Здрави, живи, радосни да сме сите само, поздрав :)