15
дек
2012
Посна торта со пиво и ореви
Подготовка на кората
Пивото, шеќерот, ванилата и маслото заедно мешајте ги додека се стопи шеќерот. Потоа додадете ги брашното, оревите, пецивото, содата и се заедно убаво измешајте да се изедначи смесата.
Истурете ја во намастен и набрашнет голем плех и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 С околу 30 мин.
Подгответе го филот
Пудингот сварете го со водата и шеќерот и оставете го да олади.
Маргаринот пенесто изматете го, додадете го пудингот и на крај оревите.
Кората исечете ја вертикално на половина и филовајте ја на средината и горниот дел.
Тортата по желба можете да ја украсите со шлаг подготвен со вода или со мелени ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
Иако мислев дека не сум љубител на посни кексови и оваа посна ми се допаѓа по составот... тоа што е со пиво, а и оревите богами не се малку ;) Сакав да кажам многу ми се допадна :)))