Подготовка на кората
Пивото, шеќерот, ванилата и маслото заедно мешајте ги додека се стопи шеќерот. Потоа додадете ги брашното, оревите, пецивото, содата и се заедно убаво измешајте да се изедначи смесата.
Истурете ја во намастен и набрашнет голем плех и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 С околу 30 мин.

Подгответе го филот
Пудингот сварете го со водата и шеќерот и оставете го да олади.
Маргаринот пенесто изматете го, додадете го пудингот и на крај оревите.

Кората исечете ја вертикално на половина и филовајте ја на средината и горниот дел.
Тортата по желба можете да ја украсите со шлаг подготвен со вода или со мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани