Посна торта со два фила
Најпрво се подготвува пандишпанот. Сите состојки за пандишпанот се мешаат за да се добие хомогена смеса. Пандишпанот се пече со правоаголно плехче од електричен шпорет.
Откако се испече пандишпанот се подготвува филот со пудинг. Се вари пудингот во 1/2 литар вода и со 6 лажици шеќер. Откако ќе се свари се трга настрана да се излади.
Во меѓувреме маргаринот се изработува со шеќерот во прав. И откако се излади пудингот се соединува со маргаринот и шеќерот во прав. Со тоа првиот фил е готов.
Вториот фил се подготвува така што мелените посни бисквити се потопуваат во 200 мл. сок од компот, се додаваат мелените ореви и на крај се додава изработениот маргарин со шеќерот во прав.
Пандишпанот го сечеме на половина, со тоа добиваме 2 кори. Врз првата кора го нанесуваме филот од пудинг, врз него го ја ставаме другата кора и ја филуваме тортата со филот од бисквити и ореви. Убаво се порамнува тортата и се украсува со мелени ореви. Се остава во ладилник да се стегне и се сече следниот ден.
Вкусна посна торта, ја снема за кратко, не стигнав да ја сликам цела!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови