Испечати

Посна торта со два фила

Посна торта со два фила

Состојки

  • За пандишпан е потребно
  • 200 гр. брашно
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици мелени ореви
  • 80 мл. зејтин
  • 250 мл. газирана вода
  • 1 пециво
  • За првиот фил е потребно
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 1/2 л. вода
  • 6 лажици шеќер (за во пудингот)
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр, шеќер во прав
  • За вториот фил е потребно
  • 200 гр. посни бисквити
  • 200 мл. сок од компот од праски
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 150 гр. мелени ореви

Подготовка

Најпрво се подготвува пандишпанот. Сите состојки за пандишпанот се мешаат за да се добие хомогена смеса. Пандишпанот се пече со правоаголно плехче од електричен шпорет.
Откако се испече пандишпанот се подготвува филот со пудинг. Се вари пудингот во 1/2 литар вода и со 6 лажици шеќер. Откако ќе се свари се трга настрана да се излади.
Во меѓувреме маргаринот се изработува со шеќерот во прав. И откако се излади пудингот се соединува со маргаринот и шеќерот во прав. Со тоа првиот фил е готов.

Вториот фил се подготвува така што мелените посни бисквити се потопуваат во 200 мл. сок од компот, се додаваат мелените ореви и на крај се додава изработениот маргарин со шеќерот во прав.
Пандишпанот го сечеме на половина, со тоа добиваме 2 кори. Врз првата кора го нанесуваме филот од пудинг, врз него го ја ставаме другата кора и ја филуваме тортата со филот од бисквити и ореви. Убаво се порамнува тортата и се украсува со мелени ореви. Се остава во ладилник да се стегне и се сече следниот ден.
Вкусна посна торта, ја снема за кратко, не стигнав да ја сликам цела!