Полнети јајца со ѓаволски авокадо фил
Исечете ги јајцата на половина и внимателно извадете им ги жолчките.
Излупете го авокадото и насечкајте го. Ставете го во сецко заедно со жолчките.
Додадете го лимонот, лукот во прав, солта и коријандерот.
Додадете го сосот и преливот. Сосот и преливот се моја замена за рецептот. Оној кој јади луто, наместо нив нека си додај некој лут сос наместо овие 2 состојки.
Сомелете се убаво во сецкото.
Филовајте ги половинките белки.
Измијте го и избришете го сецкото и во него ставете го сувомеснатото со лутиот пипер. Сомелете на ситни парчиња. Со нив декорирајте ги одозгора полнетите јајца.
• Овој фил освен вака како самостојно мезе, апсолутно можи да се подговти како додаток, прилог на јадења со печено месо.
Лиценца: Сите права се задржани
п.с тоа името ....не ми се допаѓа...не може да биде ѓаволски добро коа тој не е ...:):):)
Најпрво благодарам МоиРецепти за наградата <3
Благодарам на сите за честитките и убавите коментари :*
Е сега за ѓаволското име :) Ѓаволски се однесува на тоа дека филот е лут:) Лиле, ќе најпрајме ѓаволска комбинација од двата рецепти ;)