Варените јајца ги сечиме по должина на половина. Ги вадиме жолчките и ги пасираме во подлабок сад. Го додаваме мајонезот или тартар сосот, павлаката и мало лажиче винска киселина. Убаво промешуваме, па ги додаваме и грашокот, чајната салама и кашкавалот исечени на ситни коцкички.
Со оваа смеса ги полниме половинките од белките. Украсуваме со ливче магдонос над секое јајце.
*Мајонез со вкус на краставица се продава во поголемите маркети во мало пакување од 100мл.
** Оваа смеса за полнетите јајца, како и самиот рецепт кој произлезе е резултат на тоа што се нашло во фижидерот, а да се искористат и варените велигденски јајца. Беше набрзина направено, како додаток со ручекот, па и на сликата не стигнаа добро да се исфилуваат. Но, вкусот на сето ова испадна одличен, па решив да го споделам со вас.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови