Полнети јајца
Варените јајца ги сечиме по должина на половина. Ги вадиме жолчките и ги пасираме во подлабок сад. Го додаваме мајонезот или тартар сосот, павлаката и мало лажиче винска киселина. Убаво промешуваме, па ги додаваме и грашокот, чајната салама и кашкавалот исечени на ситни коцкички.
Со оваа смеса ги полниме половинките од белките. Украсуваме со ливче магдонос над секое јајце.
*Мајонез со вкус на краставица се продава во поголемите маркети во мало пакување од 100мл.
** Оваа смеса за полнетите јајца, како и самиот рецепт кој произлезе е резултат на тоа што се нашло во фижидерот, а да се искористат и варените велигденски јајца. Беше набрзина направено, како додаток со ручекот, па и на сликата не стигнаа добро да се исфилуваат. Но, вкусот на сето ова испадна одличен, па решив да го споделам со вас.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
се шалам, супер се, јас ги направив со: жолчки, салама ренда на најситно, сирење, 2-3 лажици кисело млеко, 1 чешненце лук за шмек и нормално <a href="http://moirecepti.mk/recepti/pojadok/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D0%B7/#video" title="домашен мајонез" rel="nofollow">домашен мајонез</a>