Полнети јајца
Состојки
- 8 варени јајца
- 100 гр чајна салама
- 80 гр кашкавал
- 3 лажици грашок од конзерва
- 1 лажичка винска киселина
- 2-3 лажици мајонез со вкус на краставица, или тартар сос
- 100 гр кисела павлака
Подготовка
Варените јајца ги сечиме по должина на половина. Ги вадиме жолчките и ги пасираме во подлабок сад. Го додаваме мајонезот или тартар сосот, павлаката и мало лажиче винска киселина. Убаво промешуваме, па ги додаваме и грашокот, чајната салама и кашкавалот исечени на ситни коцкички.
Со оваа смеса ги полниме половинките од белките. Украсуваме со ливче магдонос над секое јајце.
*Мајонез со вкус на краставица се продава во поголемите маркети во мало пакување од 100мл.
** Оваа смеса за полнетите јајца, како и самиот рецепт кој произлезе е резултат на тоа што се нашло во фижидерот, а да се искористат и варените велигденски јајца. Беше набрзина направено, како додаток со ручекот, па и на сликата не стигнаа добро да се исфилуваат. Но, вкусот на сето ова испадна одличен, па решив да го споделам со вас.
Добар апетит!