1. Од состојките за тесто се замесува средно меко тесто и се остава да стаса додека да се дуплира.
2. Се размесува и се дели на два дела. Од секој дел се расукува кора во форма на квадрат.
3. Кората ја мачкаме со кечап, рендаме сирење врз неа и распоредуваме коцки од сечканите колбаси, па се посипува со оригано.
4. Се витка кората во ролат и од неа се сечкаат парчиња, кои се редат во подмачкан плех или пак на хартија за печење.
5. Се оставаат да стасаат некои 10-15 минути, се мачкаат со разматено јајце, се посипуваат со сусам и се печат во претходно загреана рерна на 220 степени.

Пријатен апетит!

Шољата е од 100 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани