Поинаква пита со тиква
Тиквата сама по себе е десерт, особено печена тиква =)
Скоро секој ден ја има дома се додека не помине сезoната. Се решив малку да побегнам од стандардната верзија на пита со тиква и да ве почастам со овој супер рецепт.
1. Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто. Понатаму процедурата е како и за секоја пита. Дали ќе поделите на топчиња, па ќе премачкувате со маргарин и зејтин или како полжавче или на било кој друг начин на кој подготвувате пита оставам на вас. Ви требаат 2 кори, за горе и доле. Поразличен е начинот на сечење, за да изгледа како што изгледа.
2. За филот урмите, сокот и кората од лимонот ставете ги во тенџере на оган и постепено мешајте за да омекнат. Додавајте вода се додека не се добие мека смеса налик на паста (не треба да биде водеста) па така количината на вода ќе варира до максимално 100мл.
Потоа додадете ја ренданата тиква и оревите и убаво измешајте за да добиете изедначена смеса. Ако сакате поблаго додадете дополнително и шеќер (јас не додадов затоа што урмите се доволно благи).
3. Од едното купче со корички растегнете поголема кора (не многу тенка) и ставете ја на плехот во кој ќе печете. Земете дел од филот и направете прстен 4-5см од крајот на кората и мала топка фил во средината (на сликите подолу). Краевите од долната кора премачкајте ги со малку вода, па прекријте со другата кора од горе.
Со нож оформете убава форма (во мојот случај малку елипсовидна) па краевите притиснете ги со вилушка за убаво да се спојат. Потоа почнувајќи од кругот во средина до надворечниот крај сечете парчиња со дебелина до 3см (кругот во средина останува цел). Секое парче свртете го со филот кон горе. Премачкајте убаво со маргарин и зејтин и ставете да се пече во загреана рерна додека добие убава боја. Оставете малку да се излади па послужете.
Добар апетит =)
*Од наведените количини направив 2 пити, таа што ја гледате и уште една во форма на зелник со иста големина.
Лиценца: Сите права се задржани
A filot mnogu mnogu mi se dopadna. :D
Urmite kako poseben plus za vkusot.
Браво чекам парче