Подпечено диво свинско месо во сос
Зима е. Актуелен ловот, така да имаме можност да дојдиме до вакво месо, на кое ние сме големи љубители.Еве ќе ви опишам на кој начин јас го подготвувам.
Свежото месо убаво измиено се остава во вода и киселина да одстои најмалку преку ноќ.
Пред да се готви повторно се мие и се става еднаш да зоврие во вода. Се фрла таа вода.
Се налева чиста вода и се додава виното, кромидот исечен на четвртинки, лукчето (6-7 чешниња), морковите исечкани на поголеми парчиња, исто пашканатот и целерот, ловоровите ливчиња (3-4), црната пипер во зрно, а штом зоврие течноста се додава солта, по вкус, околу 1 супена лажица, рамно полна, внимаваме да не ставиме многу - да пресолиме, бидејки се додаваат подоцна и др. состојки кои се солени.
Се вари додека омекни месото.Времето е подолго, за разлика од варењето на другите видови месо.
Кога е сварено ги редиме парчињата месо во ростер тава, налеваме со дел од таа вода во која се вареше месото, а додаваме и чиста (бидејки можи да ни дојде сосот многу мрсен).Вода да има околу два прсти во тавата.Морковите ги префрлуваме, а другиот зеленчук го пасираме и додаваме.Додаваме 1 лажица сенф, неколку кисели краставички исечкани на ленти, уште 3-4 чешниња лукче, 2-3 ловорови ливчиња и претходно пропржената сланина и печурки (мрснотијата ја зачувуваме за подготовка на запршката).Во водата по желба ставаме и 1 коцка за супа-телешка, а и не мора.Местото го наросуваме со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер.Ставаме во загреана рерна на 200 степени да се подпече месото од едната страна.
Потоа го вртиме и од другата страна, исто го зачинуваме и сега ја додаваме запршката која сме ја направиле од 2 лажици брашно пропржени (на маснотијата во која пржевме) додека порумени и го додаваме во течноста.Убаво изедначуваме и пробуваме за вкус.Ако има потреба зачинуваме.Враќаме во рерна да се подпечи и другата страна на месото, а и сосот прокрчка и добие убаво на густина....
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани