Повеќе видови посно благо
~Крем бананчиња со суво овошје и рум~
Сувото овошје и локумот исечкајте ги на коцкички и полејте ги со рум. Нека отстојат така 5-6 минути. Бисквитите измелете ги на поситно и додадете ги во садот со суво овошје, додадете го и сокот од лимон. Замесете ја смесата и формирајте крем бананчиња. Растопете чоколада на оган и ставете ги бананчињата во чоколадата. Декорирајте по желба, јас употребив бисерчиња.
~Бели бомбици~
Во еден сад ставете ги бисквитите, шеќерот во прав и кокосот. Додадете ја бананата исечкана на ситни коцкички. Формирајте бомбици и валкајте ги во кокос
или во бело чоколадо.
~Бомбици со ореви~
Сите состојки убаво се мешаат и се формираат бомбици. Се валкаат во сецкани ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови