Повеќе видови посно благо
Состојки
- Крем бананчиња со суво овошје и рум
- 200 гр мешавина од суво овошје
- 50 гр локум
- 100 гр бисквити
- 50 мл рум
- 100 гр црно чоколадо
- сок од половина лимон
- Бели бомбици
- 1 банана
- 100 гр кокос
- 100 гр мелени бисквити
- 100 гр шеќер во прав
- + кокос за валкање на бомбиците
- 100 гр бела чоколада
- малку мрвици
- Бомбици со ореви
- 150 гр овесни снегулки
- 90 гр шеќер во прав
- 1 кесичка(8-10гр) ванилин шеќер
- 1 лажица вода
- 100 гр путер на собна температура
- 100 гр сецкани ореви
Подготовка
~Крем бананчиња со суво овошје и рум~
Сувото овошје и локумот исечкајте ги на коцкички и полејте ги со рум. Нека отстојат така 5-6 минути. Бисквитите измелете ги на поситно и додадете ги во садот со суво овошје, додадете го и сокот од лимон. Замесете ја смесата и формирајте крем бананчиња. Растопете чоколада на оган и ставете ги бананчињата во чоколадата. Декорирајте по желба, јас употребив бисерчиња.
~Бели бомбици~
Во еден сад ставете ги бисквитите, шеќерот во прав и кокосот. Додадете ја бананата исечкана на ситни коцкички. Формирајте бомбици и валкајте ги во кокос
или во бело чоколадо.
~Бомбици со ореви~
Сите состојки убаво се мешаат и се формираат бомбици. Се валкаат во сецкани ореви.