Плескавици со наут (посно)
Лебот го киниме на парчиња, го ставаме во подлабок сад и го поливаме со вода. Омекнатиот леб го стискаме со раце за да ја исцедиме водата. На покрупната страна од рендето во подлабок сад ги рендаме компирот и кромидот. Магдоносот ситно го сечкаме и додаваме во садот. Го додаваме исцедениот леб. Наутот го миксаме во блендер и ги сееме низ цедалка и го додаваме во садот. Зачинуваме со мешан зачин, ги додаваме содата бикарбона, мелениот лук и буковата сол, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
Смесата ја месиме со раце. Со раце земаме од смесата, ги формираме плескавиците и ги пржиме во тава на оган со поголема количина на загреано масло. Пржените плескавици ставаме на чинија, обложена со хартија. Ги послужуваме топли.
Забелешка
Доколку сакате да не се посни, додадете едно јајце во смесата.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови