12
мај
2020
Плескавици со леќа и ориз (посно)
Идеја за убави посни плескавици.
Оризот и леќата сварете ги и исцедете ја водата.
Измешајте го заедно оризот и леќата. Со гмечалка за пире изгмечете ги, додајте ситно сечен млад кромид и лукче, морков рендан. Ставете брашно, сол,бибер и зачини.
Смесата убаво измешајте.
Со намрсени раце направете плескавици, извалкајте ги во брашно и пржете во загреано масло. Извадете ги плескавиците, ставете ги на салфетка да се впие вишок на мрснотии.
Лиценца: Сите права се задржани