11
мај
2013
Плескавици од спанаќ и ориз
Спанаќот го миеме и чистиме. Го обаруваме во солена вода. Го цедиме, потоа може да се испасира или ситно да се исечка.
Оризот го обаруваме во вода во која сме ставиле мешан сув зачин. Го цедиме и оставаме малку да се потсуши.
Ги мешаме спанаќот и оризот, ситно исечканиот магдонос, солта, пиперот и малку брашно.
Од смесата формираме плескавици и ги пржиме во загреано масло додека не се вцрват од сите страни.
Кај мене останаа малку не допржени од брзање ама не беа лоши и такви Ч)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мислам дека би биле добар прилог за јадење со месо.И верувам дека со лук уште поубави би биле , може и повеќе сол да се стави.
Оризот треба да биде само да се обари или убаво да се свари? Да не ми крцка кога ќе ги јадам :D.