Плескавици од спанаќ и ориз
Состојки
- 500 грама спанаќ
- 250 грама ориз
- 1 лажичка мешан сув зачни
- 1 грст ситно сецкан магдонос
- брашно по потреба за замесување на плескавиците
Подготовка
Спанаќот го миеме и чистиме. Го обаруваме во солена вода. Го цедиме, потоа може да се испасира или ситно да се исечка.
Оризот го обаруваме во вода во која сме ставиле мешан сув зачин. Го цедиме и оставаме малку да се потсуши.
Ги мешаме спанаќот и оризот, ситно исечканиот магдонос, солта, пиперот и малку брашно.
Од смесата формираме плескавици и ги пржиме во загреано масло додека не се вцрват од сите страни.
Кај мене останаа малку не допржени од брзање ама не беа лоши и такви Ч)