Ако сакате сочна плескавица, тогаш ова е за вас. Полна витамини, вкусна, одлична за сите прослави..
Компирите, морковите и кромидот изрендајте ги.
Додадете ги во меленото месо и додадете ги сите останати состојки и замесете плескавици.
Оставете ги неколку саати во фрижидер, а може и преку ноќ (уште подобро) .
Со влажни раце правете плескавици и пржете на загреано масло .
Вадете ги на книжна салветка да се впие вишакот маснотија.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор