Се сеќавате ли на емисиите на Стево Карапанџа?
Е овие плескавици се токму по негов рецепт.
1. Замрзнатиот ослич излупете го, излупете компирот и исечете на поголеми парчиња, исто така и морковот, целерот, магданосот, лукот, кромидот и ставете во тенџере со вода да се вари целото тоа заедно.
2. Сварено - омекнато, тргнете од огнот. Оцедете, извадете ја рибата настрана и искостете, вратете кај останатите сварени состојки, испасирајте - изгмечети ги.
3. Во добиената смеса додадете на вкус сол, вегетата- црвениот пипер, биберот, 3 јајца, измешајте и треба да добиете податна смеса од која ќе формирате плескавици.
4. Оформете плескавиците, поховајте ги валкајки ги во лесно сматеното 1 јајце и лебните трошки, останува да вие си изберете дали ќе ги пржите или печете.
5. Од течноста во која се вареа сите состојки ви предлагам да сварите бистра рибја чорба.

Забелешка
- Јас оформените плескавици во последно време ги печам секогаш во тавка послана со хартија за печење, а сега како го имам Ростерот, само малку, сосема малку го премачкувам со зејтин, ги наредувам во истиот и ги печам во предходно загреана рерна. Нема да е грешка и да ги пржите. Карапанџа ги пржеше, го следев рецептот, но си дозволив сега да го изменам само во таа последна постапка, значи ги печам...
- Ги служам со компир салата- варен компир, парен кромид - сол и оцет, секако магданос и некоја маслинка.
Од оваа количина излегуваат повеке на број плескавици, моја препорака е да спремите од половина состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани