9
окт
2014
Плескавици од леќа и кус кус
Најпрвин сварете ја леќата и оставете да се подолади.
Кус кусот ставете го во сад со иста количина на вода како и кус кусот-(25мл) покријте го садот со капак и оставете 7 минути да ја апсорбира водата.
Во кујнски сецко ставете ја леќата, кус кусот, кромидот, лукот, пченкарното масло, магдоносот,пармезанот, малку сол и црн бибер.
Сето тоа убаво измиксајте го.
Истурете ја смесата во сад и по потреба додавајте брашно од наут, за да можете да обликувате со рака плескавици.
Земајте од смесата и формирајте плескавици.
Пржете си на среден оган по 5-6 минути од секоја страна.
Лиценца: Сите права се задржани